Мобилно училиште им овозможува образование на девојчињата во руралната Кенија

Мобилно училиште им овозможува образование на девојчињата во руралната Кенија

Подготвил: Тамара Гроздановски

училиште

 

На 16 години Нагирасиа Ленгима има веќе две деца. Меѓутоа, мајчинството не ја спречува да се занимава со нејзината најголема страст: училиштето. Како и поголемиот број девојки од номадските заедници во северна Кенија, Нагирасиа се бори против општествените предрасуди и околните притисоци со тоа што се образува во мобилно училиште.


Училиштето го води непрофитна организација, а ги учи девојките чиишто семејства биле присилени да се селат по региони за да преживеат.

Во селото Лаисамис, округот Марсабит, кадешто хуманитарната организација Адесо го предводи училиштето, Ленгима има можност да им покаже на другите девојки што научила за време на утринската смена. „Математиката и Кисвахи ми се најтешките предмети. Во иднина сакам да се занимавам со економија“, вели таа.

За жал, околностите се против неа. Наставниците во голем број ја напуштиле оваа област за да побегнат од нападите на исламистичката милитантна група Ал Шабаб. Згора на тоа, нестабилното време често пати ги присилува семејствата да се селат во потрага по вода со што на децата не можат да им овозможат формално образование.

Адесо ги распоредува предавањата во согласност со временската прогноза за на девојките да им овозможи неформално образование, кое инаку би било невозможно. „Училишниот календар врти според распоредот на врнежите“; вели Садиа Мохамед Малим, проектен менаџер на Адеса, која подучува 300 девојки на возраст од 13 и 18 години, во селото Лаисамис и води уште неколку мобилни училишта во Кенија. „Учењето се одвива за време на сезоната на дождови кога децата не мораат многу да работат и движењето на заедницата е минимално“, додава тој.

Според официјалните информации, областа Марсабит има најлоши индикатори за образование во Кенија, со нивото на писменост на само околу 20%, а сиромаштијата на околу 92%. На училиште одат помалку од 15% од девојките над 6 години. Со мали можности за подобар живот, девојките најчесто се мажат млади за да започнат семејство. „Во средните класи и заедници, обично децата се тие кои одат на училиште“, вели Џонатан Кулмиша, активист во Марсабит. „На девојките им преостанува одговорноста за домаќинството и стоката“, додава тој.




Но некои како Ленгима одлучуваат повторно да започнат со образованието, а мобилните училишта им даваат можност. „Настојувам да научам колку што можам повеќе бидејќи кога дождот ќе започне повторно, ќе мора да се преселиме далеку“, вели таа.

Проектот Адесо започнал во февруари 2014 година, а завршува во 2016 година кога останува без пари. Групата собира пари со надже дека ќе успее да го продолжи проектот, но се соочува со различни предизвици, како што се политичка нестабилност, лоши транспортни и телефонски врски, назадни културни верувања кои ги обесхрабруваат девојките да учат итн. Засега Мохамед наведува дека е оптимист и дека влијанието на мобилните училишта ќе се прошири и надвор од училницата, а учениците ќе го пренесат она што го научиле во својата заедница.