Меѓународниот ден на младите обедини 12 држави меѓу кои и Македонија

Меѓународниот ден на младите обедини 12 држави меѓу кои и Македонија

По повод вчерашниот ден на младите Охрид беше преплавен со летоци и пораки кои што беа изработени од 40 млади луѓе од различни држави. “ Јас сум како и ти ”, “ Доба на младинска акција и еволуција ”, “ Годините не се важни ” беа само дел од пораките кои што беа испратени, како и најразлични приказни кои што беа споделени со многу туристи и граѓани на Македонија повод Межународниот не на младите.


Нашето обединување не е случајно, причината е многу силна – обединување на нашите сили против дискриминацијата и лошите наративи помеѓу луѓето за различностите. Сакавме да упатиме пораки кои можеби се веќе прочитани, но и покрај тоа сеуште сметаме дека има потреба да се потенцираат истите пораки. Сакаме да живееме заедно, да соработувам но секојдневните политички случувања некако влијаат и се прифаќаат, затоа сакаме да потенцираме дека  треба да се гледа на младите како движечка сила која може од многу да придонесе за нашето интернационално општество па и пошироко. Како и ти е нашето мото, во суштина отлсикување на другиот наспроти нас без посебни разлики за кои веќе грото на луѓе размислуваат со стереотип кои пак влијае негативно за успешна соработка помеѓу нас младите. Сакаме да упатиме порака  до младите и не случајно на овој ден, на нашиот меѓународен ден кога сите треба да го развиеме сетилото на младите “ – вели Франческа Скиопо од невладината организација “ Асоцијација на млади 21 Јули ”, Италија.

Јева Стангуте од Литванија објаснува дека еден од поголемите проблеми со кои се оочуват младите е и дискриминацијата по основ на години, па за таа цел изработија жива библиотека која беше лоцирана во центарот на Охрид.

“ Сакавме да дознаеме од останатите како тие се соочуват со возрасната граница, како ги декларираат младите, што за нив е млади и колку придонесуваат во работата на младите. Изненадена сум што наидов на тоа што и очекував, неприфаќање само затоа што млади биле тие до 30 години, а во суштина тоа е и целта на нашата порака дека годините не се важни. Сакавме д аукажеме на тоа дека без разлика на годините сите треба д аимаат еднакви можноти, како при вработување така и при вклучување во образовниот процес “ – вели Јева Стангуте  од  невладината организација “ Битот на младите “ од Литванија



На 17 декември 1999 година во Обединетите нации беше прифатена Резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките што директно влијаат на нивниот личен и општествен развој.  Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во подобрување на човековите права и слободи, ОН го прогласи 12 август за Меѓународен ден на младите.

Автор: Сунаи Сабриоски