Заштитни раскрсници за сите велосипедисти

Заштитни раскрсници за сите велосипедисти

Подготвил: Тамара Гроздановски

Заштитените велосипедски патеки се најновиот метод кој на велосипедистите им дава простор во кој можат да се движат. Меѓутоа овие заштитени ленти го губат одделувањето на раскрсница, поради што се намалува нивната удобност и безбедноста на велосипедистите.

 

raskrsnica


Она што им е потребно е заштитна раскрсница.

Овој предлог од Универзитетот Џорџ Мејсон направен за натпреварот „Outside the box“ нуди визија за безбеден и јасен дизајн на раскрсница која ги подобрува условите за сите учесници во сообраќајот. Правилниот дизајн, позицијата на преминувањето и тајмингот може да создаде безбедна раскрсница која луѓето од сите возрасти ќе можат да ја преминуваат безбедно.