Играта со која месечно можете да заработувате до 1.000 долари

Играта со која месечно можете да заработувате до 1.000 долари

Подготвил: Тамара Гроздановски

На 1 октомври официјално започнува Nosgoth лигата во која играчите, доколку се најдобри, имаат можност да заработат и до 1.000 долари месечно.

 

игра


Се` што е потребно е играчот да има најдобри резултати на крајот на секое коло на лигата - на тој начин ќе освои прво место и 1.000 долари, Bloody Victor Alchemist кожа, 4 клучеви од ковчег и уште неколку додатоци.

Nosgoth е бесплатна тимска акциона игра, а награден ќе бидат сите оние кои учествуваат во лигата и ќе достигнат бронзен ранг. Парите се сигурни за најдобрите 100 играчи; оние кои се второ место освојуваат 800, третите 600, а играчот на 10-то место добиваат 150 долари.

 

5


Потоа следуваат помалите награди од 100, 75, 50 и 30 долари месечно за играчите од 76 до 100 место. Дури и тој износ не е толку лош бидејќи заработувате нешто играјќи ја оваа игра, што е одлична работа, но прашање е дали ќе ви се допадне или не.

Повеќе информации можете да добиете ТУКА