Вашето

Вашето "селфи" кажува многу за вашиот карактер

Подготвил: Драгана Петрушевска

Луѓето одамна работат на подобрување на методите за препознавање на одредени карактерни особини врз основа на ракописот, начинот на ракување и слично. Психолозите неодамна открија дека истото се однесува и на „селфињата“.


Едно истражување од универзитетот „Нанјанг“ во Сингапур вклучило анализа на „селфиња“ преземени од кинеска социјална мрежа слична на „Твитер“. Секоја личност на сликата морала да пополни прашалник за личноста. Научниците користеле слики со различни изрази на лицето на луѓето на нив.

Во втор дел од истражувањето, студенти ги разгледувале сликите и требале да ја проценат личноста на сликата. На крајот биле откриени интересни податоци.

Така, луѓето кои биле пријателско расположени правеле „селфиња“ од долната половина на телото.


Од другата страна, совесните луѓе откриваат помалку приватен простор во позадината на сликите.


Доколку, пак, видите „селфи“ на кое личноста има позитивен израз, таа личност е склона кон нови искуства.


Невротичните луѓе, од друга страна, почесто прават „дак фејс“.