Вработување во областа на човековите права (Њујорк и Вашингтон)

Вработување во областа на човековите права (Њујорк и Вашингтон)


Грантовите во спомен на Алан Р. и Барбара Д. Финберг се наменети за неодамнешни дипломци (на магистерско ниво) во областа на правото, новинарството, меѓународните односи и слични студии.

Добитниците на грант ќе работат во канцеларијата на „Human rights watch“ во Њујорк или Вашингтон. Задачите на вработените ќе бидат набљудување на напредокот на човековите права во повеќе земји, спроведување истражувања во областа итн.

Конкурсот за пријавување трае до 8 октомври.

Официјален повик.