Глобална награда за најдобар наставник
Фондацијата „Варки“ од изминатата година доделува награда за најдобар наставник со една цел - за децата да сонуваат да станат најдобриот наставник во светот кога ќе пораснат.
Наградата ќе биде доделена во март 2016 во Дубаи, а за учество може да се пријават сите наставници кои предаваат на ученици на возраст од 5 до 18 години. Главната награда изнесува 1 милион долари. Првите 50 ќе бидат меѓународно признаени, а 10 финалисти ќе патуваат во Дубаи на доделувањето на наградата.
Конкурсот за пријавување трае до 10 октомври.
Официјален повик.