Можност за вработување во ЕВН... Пријавете се!

Можност за вработување во ЕВН... Пријавете се!

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Р. Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 

КАРИЕРА ВО ЕВН

За во одделот Мерење и броила / група Мерна техника потребeн е: 
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕРНА ТЕХНИКА 

Опис на работните задачи

Работа со (CamCal) софтвер за тестирање на броила;
Планирање и спроведување на процедури за верификација на броила во лабораторија, статистика за квалитетот на
броилата, стандардизација и техничка евалуација на броила
Мониторирање на квалитетот на броила и на нивната функционалност на база на ELNET извештаи;
Следење на техничка и правна регулатива за статистичките методи за периодична верификација на броила.

Потребни квалификации и лични карактеристики

Високо образование Електротехнички факултет, насока Електроенергетика;
Познавање и користење на MS Office,
Исполнителност и одговорност, флексибилност
Познавање на англиски јазик
Возачка дозвола Б категорија.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо со назнака за оглас број 081504, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 27.08.2015 година.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.