Оглас за вработување во АД Електрани на Македонија

Оглас за вработување во АД Електрани на Македонија

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 74/2015, 129/2015) и член 5, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 045023/1 од 19. 08. 2015 година АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА- СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС За потреба од засновање на работен однос во Дирекција, АД EJ1EMСкопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:

- 1 (еден) извршител за работно место „Административен техничар,- приправник, во Служба за правни работи, Оддел за правни работи, Сектор за правни и општи работи Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: IV степен, средно училиште.

Паричниот износ на основната плата е 26. 980 денари. Приправничкиот стаж трае 12 месеци, во кој период работникот ќе прима 80% од платата определена за ова работно место.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30 08:00 часот до 15:30 16:00 часот. Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето. Со пријавата (своерачна пријава) кандидатите да достават:- Доказ за завршено образование (оригинап или копија заверена на нотар);- Уверение за државјанство (копија);- Кратка биографија на македонски јазик;- Контакт телефон. Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување. Пријавата со потребните документи, од кои се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса: Дирекција, АД Електрани на Македонија- Скопје, ул. 1 1 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас, АД ЕЛЕМ СКОПЈЕ)