Платено учество на глобален форум за демократија

Платено учество на глобален форум за демократија


Светскиот форум за демократија своето четврто издание ќе го има од 18 до 20 ноември во Стразбур, Франција. На него ќе бидат претставени иницијативи и идеи поврзани за контролата на демократијата, адекватноста на образованието за демократската култура и слобода на говор.

Кандидатите треба да бидат на возраст од 16 до 30 години, да зборуваат англиски јазик и да бидат мотивирани за учество. Организаторите ги покриваат трошоците за патување, сместување и храна.

Конкурсот за пријавување трае до 30 август.

Официјален повик.