Студентите во Велика Британија кои не се од ЕУ земјите ќе бидат бркани по дипломирањето

Студентите во Велика Британија кои не се од ЕУ земјите ќе бидат бркани по дипломирањето

Подготвил: Драгана Петрушевска


Владата на Велика Британија изминатата недела ги претстави новите измени во законот за визите за странски државјани со кои се поставуваат повеќе граници за меѓународните студенти, особено оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на Европската Унија.

Имено, со новите измени се отстранува правото за работа на студентите кои не се жители на ЕУ додека студираат и истите ќе бидат принудени да заминат по дипломирањето. Освен тоа, тие нема да имаат право да го сменат факултетот.

Европската студентска унија објави критичка статија во која ги осудува новите промени.

- Мобилноста стана дел од високото образование и природна последица на глобализираниот свет, кадешто од дипломците се очекува да имаат вештини за работа во мултикултурна и меѓународна околина. - пишуваат тие.