Како до работа во Холандија?

Како до работа во Холандија?

Подготвил: Тамара Гроздановски

rabota

 

Доколку сакате да работите во Холандија, веројатно имате многу прашања. Како да добиете виза? Дали треба да направите граѓанска интеграција? Дали ви е дозволено да работите во Холандија? И како е да се живее во Холандија?


Ќе пронајдете одговори на голем дел од овие прашања на оваа страна. Исто така можете да пронајдете информации на веб страните на други организации.

Искористете го сервисот за имиграција и натурализација IND за да откриете кои се барањата и какви документи ви се потребни за работа во Холандија.

Дали сте европски граѓанин кој веќе работи во Холандија или сакате да работите во Холандија? Доколку е тоа случајот, тогаш брошурата New in the Netherlandsкако иWorking in the Netherlands ќе ви помогне. Брошурите содржат основни информации за работа, социјална безбедност, сместување, здравствени трошоци, образование и учење на холандскиот јазик. Исто така, во нив е објаснето каде можете да пронајдете дополнителни информации.

Можности за претприемачите и работодавците од странство

Законот за модерна миграциска политика нуди подобри можности за претприемачите и работниците од странство. Тој им олеснува на луѓето чијашто работа ќе биде од корист за економијата, науката и културата за да добијат влез во Холандија.

 

Доколку сакате да дознаете повеќе информации, посетете ја оваа страна.