Тинејџерка создаде квантен погонски систем за во вселената

Тинејџерка создаде квантен погонски систем за во вселената

Подготвил: Тамара Гроздановски

sistem 

Младата тинејџерка од Египет, Аиша Мустафа патентирала погонски систем кој би можел да ги испрати вселенските летала во други соларни системи во вселената без да користат нитуедна капка горивo.


Иако ова не е доста нов технологија, системот на младиот физичар е основан на квантната физика и може да го испрати човештвото онаму кадешто претходно никој не бил.

19 годишната девојка е уште еден доказ дека младите умови можат да произведат нови, свежи идеи. Нејзиниот погонски систем се ослободува од традиционалните ракетни засилувачи во корист на пофутуристички концепт. За оние кои не знаат ништо за квантната физика, идејата на Мустафа работи на принципот дека просторот не е вакуум. Наместо тоа, тој е исполнет со море од честички и анти-материја честички кои се создаваат, а потоа се уништуваат самите себеси за секунда.

 

2


Мустафа верува дека овој квантен ефект може да се искористи преку динамичниот Казимир ефект кој ја користи празнината наречена „подвижно огледало“ кадешто две рефлексивни рамни плочки се одржуваат блиску една до друга и потоа се манипулирани за да комуницираат со квантните честички. Преку поместување на плочите, се создава енергија буквално од ништо и се создава нето сила која ќе се користи за туркање или повлекување на леталото.

Во однос на користењето на енергија, соларната енергија е поефикасна од ракетното гориво кое моментално го користат вселенските летала. Тековните ракети како Dragon X, се лоши за контролирање поради енергетските мотори, па дури и на идните предлози на НАСА како што се дисковите од јони се`уште бараат енергија. Затоа системот на Мустафа е подобар - не е потребно гориво и им овозможува на астронаутите поголема контрола на нивното вселенско летало. Исто така, тие ќе го променат начинот на кој се контролираат сателитите, и ќе овозможат поедноставно, поевтини и посигурни мисии.

Универзитетот Сохаг и` помогна во пријавата за патентот на Аиша и таа изјави дека има намера да го развие системот пред да биде тестиран во вселената.