Стивен Хокинг: Црните дупки се премини до други универзуми

Стивен Хокинг: Црните дупки се премини до други универзуми

Подготвил: Драгана Петрушевска

Нова теорија на познатиот научник Стивен Хокинг вели дека луѓето би можеле да избегаат од црните дупки наместо да се заглават во нив.


На конференција во Стокхолм, Хокинг ја претстави својата теорија за црните дупки - мистериозните делови од вселената за кои не знаеме доволно.

- Постоењето на алтернативни истории со црни дупки е показател дека ова е можно. Дупката би требало да биде голема и доколку ротира би можела да биде премин до друг универзум. Но, вие не би можеле да се вратите назад во нашиот универзум. Затоа, иако ми се допаѓа патувањето во вселената, нема да го пробам тоа. - кажа Хокинг на конференцијата.

Предлогот на Хокинг е обид да се одговори проблем кој ги мачел физичарите одамна. Со новата теорија на Хокинг, сè што поминува низ дупката никогаш не се враќа, поради што е можно да постои друг универзум во секоја од нив.