Вработување во Пивара Скопје... Отворено е ново работно место!
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки, со цел да обезбеди потребен континуитет на производството на безалкохолни пијалаци, почнувајќи од влезни суровини, полупроизвод, до навремено испорачан готов производ согласно со планот за продажба.
Што е тоа што бараме:
Висока стручна подготовка- ВСС, Најмалку 1 година работно искуство во областа на планирање на производството ќе се смета за предност,
Искуство во работа со SAP оперативен систем ќе се смета за предност,
Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим,
Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок,
Одлично познавање деловен англиски јазик,
Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point).
Краток опис на основните одговорности:
Подготвува краткорочни и среднорочни планови за производство на сируп и готов производ согласно со планот за продажба и количествата суровини, материјали и амбалажа.
Ги следи резервите на недовршено производство, готов производ, полуготов производ, како и распоредувањето на ресурсите според потребите и капацитетите.
Изготвува план за активности за точење за секоја наредна недела. Изготвува план за точење готов производ за извоз.
Ги отстранува операциите што го забавуваат или го одлагаат производниот план и ги менува соодветно распоредите за производството за да се остварат целите.
Го контролира процесот на точност на производство и планирање.
Секојдневно ги разгледува и врши проценка на количествата на резервите готов и полуготов производ, на минималните количества на нарачките, на времето на достава и контрола на квалитетот со цел да идентификува можности за постојано подобрување, вклучувајќи и оптимизација на капацитетите, трошоците и резервите.
Ги следи реалните перформанси на процесот на планирање и подготвува неделни, месечни и годишни извештаи.
Прави неделни извештаи за С&ОП процесот кои подразбираат извештај за точност на производството и планирање.
Учествува во креирањето на буџетот во Секторот за планирање.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 07:00 до 1 5:00 часот.
Минимална основна брутоплата за ова работно место е 34. 000 МКД. Висината на основната брутоплата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место. Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин: да испратат свое CV (на англиски и на македонски јазик) на следната email адреса contact.crm@pivaraskopje.com.mk или по пошта на следната адреса: Пивара Скопје АД, ул. 808, бр. 12, 1000 Скопје, со назнака "До Сектор за човечки ресурси, ОгласПланерзапроизводство" најдоцна до 03. 09. 201 5. Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.