Битолски Широк Сокак по петти пат блесна во бело

Битолски Широк Сокак по петти пат блесна во бело

Подготвил: Тамара Гроздановски

1
 photo: www.facebook.com/bitolaMk

 

Вчера со почеток од 21 часот Битола по петти пат блесна во бело, а како и претходните години така и оваа, за одлична забава се погрижи италијанскиот ди-џеј и продуцент Џуниор Џек. Настанот го одбележува и официјалното затворање на 10-то јубилејно издание на културното лето „Бит фест“.


Џуниор Џек е ди-џеј кој има настапувано на голем број познати фестивали меѓу кои и Tomorrow land, Miami Open Festival и балканскиот Exit, а има соработувано и со врвни познати пејачи како Боб Синклер, Витни Хјустон и јапонско-американската пејачка Хикару Утада.

Белата ноќ е настан за кој се заинтересирани голем број Битолчани на различна возраст, а често го посетуваат и голем број туристи. Манифестацијата е одлична можност за дружење и забава, а пред неколку години на сцената се појавија и Дејвид Моралес, Хернан Катанео, Том Нови и Кирил Џајковски.