КОНКУРС за избор на Координатор за политики и меѓународни прашања на Национален младински совет на Македонија
Национален младински совет на Македонија
Согласно член од 37 и 38 од Статутот на Националниот младински совет на Македонија, Управниот одбор и Секретаријатот на Национален младински совет на Македонија донесoa одлука за распишување на:
КОНКУРС
за избор на Координатор за политики и меѓународни прашања на Национален младински совет на Македонија
Рок и начин на пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следниве адреси:
info@nms.org.mk
и
applications@nms.org.mk
Со назнака „Апликација за Координатор за политики и меѓународни прашања на НМСМ“
Рокот за поднесување на сите кандидатури е 4 септември 2015 година (петок), до 12:00 часот.
Профил на Кандидат за Координатор за политики и меѓународни прашања
- Да поседува релевантно искуство во административно работење во невладин сектор во Р. Македонија;
- Да има искуство во менаџирање и координирање на проекти;
- Да има познавања од областа на креирање на политики, застапување и/или истражување;
- Да има одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан англиски јазик. Познавањето на албански јазик ќе се смета за предност;
- Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и донатори;
- Можност да работи со флексибилно работно време и за време на викенди;
- Да има капацитет да презема и извршува обврски и да направи приоритет на работа;
- Способност да работи во тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
- Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
- Да е способен да работи по сопствена иницијатива;
- Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата;
- Членството во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;
- Можност да започне со работа од 15 септември 2015;
- Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје.
Потребни знаења и вештини на Кандидат за Координатор за политики и меѓународни прашања
Да има познавање од административно работење;
Да има познавање од проектен менаџмент и финансиски менаџмент;
Да има релевантно искуство во областа на лобирање и застапување;
Да има релевантно искуство во областа на истражување;
Да има познавања во областа на младинските политики во Македонија и Европа;
Да има искуство во комуникација со меѓународни младински организации, национални младински совети, регионални и интернационални младински мрежи/ платформи;
Компетентност да собира, анализира и пренесува информации;
Да има високо образование или соодветно работно искуство во граѓански сектор;
Да е запознаен со работата на НМСМ, како и со работата на невладиниот сектор во Р.Македонија;
Задолжително е високо познавање на англиски јазик, за примена во секојдневна работа и комуникација (пишување, читање и говорење);
Искуство во работа на компјутери, посебно на MS Office.
Услови за работа:
Позицијата е со скратено работно време (30 часа неделно). Селектираниот кандидат ќе биде на пробен период од 3 недели, по што ќе има можност за потпишување на договор за 6 месеци.
Начин на селекција:
Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на интервју со Секретаријат и Управниот одбор во перидот од 9 до 11 септември 2015.
Се очекува селектираното лице да започне со работа, најдоцна од 15 септември, 2015 година.
Рокот за поднесување на апликации е 4 септември 2015 година (петок), до 12:00 часот. Сите апликации треба да пристигнат по електронска пошта на следните адреси: info@nms.org.mk и applications@nms.org.mk.