Тим научници го победија

Тим научници го победија "Google" во трката за создавање евтина соларна енергија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Не би претпоставиле дека огромна корпорација како „Google“ би признале дека не се најдобрите во одредена работа. Ова е токму тоа што се случило кога технолошката компанија изјавила дека ќе ги стопира истражувањата за потенцијално значаен метод за создавање соларна енергија со хелиостати.


Компанијата има проект „Renewable energy cheaper than coal“ од 2007 година со кој ја истражувала технологијата за хелиостати и барала начини да создаде поевтин начин на генерирање соларна енергија. Но, во 2011 година, компанијата изјави дека ќе го стопира проектот и сите свои податоци ќе ги направи достапни за други истражувачи кои би сакале да работат на проектот.

Сега, тим истражувачи од Јужноафриканскиот универзитет „Stellenbosch“ се подготвува да го претстави „Helio100“, хелиостат за кој тврдат дека е лесно пренослив и многу поевтин од сегашните модели - сè за што работеа инженерите од „Google“.

Се проценува дека до 2050 година, ваквиот метод би можел да собира една четвртина од енергијата потребна за Земјата.