Која е просечната температура на Земјата?

Која е просечната температура на Земјата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Просечната температура на површината на Земјата зависи од повеќе фактори, како времето од денот, времето од годината и местото кадешто била измерена температурата.


На Земјата секогаш има една страна која не е насочена кон Сонцето, поради што температурите се качуваат и паѓаат. Потоа, знаеме дека Земјата не е совршена топка, ами елипса. Ниту еден регион од планетата нема комплетни четири годишни времиња.

Така, на Земјата може да се извади просек од највисоките температури и најниските температури. Највисоката забележана температура на Земјата е 70,7 целзиусови степени, кои биле измерени во пустина во Иран.

Од друга страна, најстудената температура забележана на Земјата била измерена на Антарктикот и изнесувала -89,2 целзиусови степени.

И покрај овие огромни разлики и фактори, научниците пресметале просечна температура на површината на Земјата. Таа изнесува приближно 14 целзиусови степени.