Времето денес и прогноза за наредните неколку денови

Времето денес и прогноза за наредните неколку денови



Во Македонија денес не` очекува сончево и топло време. Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индекс 7.

Во првите денови од новата седмица ќе продолжи сончевото и потопло време со благ пораст на дневните температури. Во понеделник тие ќе се движат од 29 до 38 степени и ув индекс 8

Во вторник и среда претежно сончево и потопло со благ пораст на температурите. Утринските температури од 11 до 21 степен, додека пак максималните ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени. Ув индексот повторник ќе има вредност 7.

Weather4all.com.mk