Науката вели дека овие работи ве прават попаметни...

Науката вели дека овие работи ве прават попаметни...

Подготвил: Драгана Петрушевска

Одамна луѓето престанаа да веруваат дека интелигенцијата е нешто со кое се раѓаме и нешто на кое не може да работиме за да го подобриме. Научниците се согласуваат дека интелигенцијата може да се зголеми, и тоа со практикување на одредени хоби.


Свирење музички инструмент

Свирењето помага во развивањето на креативноста и аналитичкото размислување, но и за побрзо совладување на јазиците, математиката, моторните вештини и друго.

Читање

Поволностите од читањето се исти, без разлика дали ја читате „Игри на престолот“ или обичен весник. Читањето го намалува стресот, поради што подобро се чувствувате и помага во решавање проблеми, разбирање процеси и интерпретација на кажаното.

Редовно вежбање

Повременото вежбање не е ефективно како и редовното вежбање. За време на редовното вежбање се лачи протеин кој помага во помнењето, учењето, фокусот, концентрацијата и разбирањето.

Учење нов јазик

Заборавете на решавање загатки за подобрување на помнењето и научете нов јазик наместо тоа. Истражување покажува дека луѓето кои зборуваат два или повеќе јазици подобро решаваат загатки од останатите.

Медитација

Во 1992 година, Далај Лама го поканил научникот Ричард Дејвидсон да ги анализира неговите мозочни бранови за време на медитација. Далај Лама и останатите монаси за време на медитацијата биле во длабоко сочуствителна состојба на умот. Ова значи дека може да се чувствуваме помоќно пред преговори, посамоуверено кога бараме зголемување и поуверени во сè останато.