Оглас за вработување во ФЕИТ

Оглас за вработување во ФЕИТ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје Факултет за електротехника и информациски технологии Врз основа на член 131 од Законот за високото образование Сл. Весник на РМ" бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 114/2011, 123/2012, 15/2013 и 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015 и 20/2015), член 51 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Одлуката бр. 021106/6 од 17. 6. 2015 година, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, донесе одлука за распишување

KOHКУPC за избор на насловен доцент


Се распишува конкурс за избор на насловен доцент по предметите од наставнонаучната област електрични мерења и материјали, (изборот е за време од 5 години).

Услови: кандидатите покрај општите услови треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Законот за високото образование, Правилникот за критериумите и постапката за избор во насгавнонаучни, научни, наставностручни и соработнички звања на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и другите акти на Универзитетот и Факултетот.

Со пријавата кандидатите треба да поднесат: документи за завршено образование, кратка биографија, пополнет образец кон извештајот за избор во звањето насловниот доцент, список на стручни и научни трудови, по еден примерок од трудовите, потврда за познавање на странски јазик и уверение за државјанство. Работното време е согласно распоредот на часови во семестарот, a надоместокот за извршената работа зависи од наставната ангажираност во семестарот. Пријавите со комплетните документи се поднесуваат преку архивата на Факултетот, или по пошта на адреса ул. Руѓер Бошковиќ 18, Скопје.

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.