Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта
Врз основа на член 20 став 1 точка 9 од Статутот на Јавното претпријатие за државни патишта, a во согласност со член 19 став 2 точка 11 од Законот за јавните претпријатија Службен весник на Република Македонија" број 38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15 и 61/15), Управниотодбор на Јавното претпријатие за државни патишта на седницата одржана на ден 26. 08. 2015 година
1. Се распишува јавен конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
2. Кандидатите кои ќе се пријават на јавниот конкурс за избор на Директор на Јавното претпријатие за државни патишта треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен, да има општа здравствена способност и да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или должност.
3. Покрај општите услови за вработување, треба да ги исполнуваат следните посебни услови: Завршено високо образование- минимум 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен образование Работно искуство- пет години од кои најмалку две години на раководна позиција Познавање на англиски јазик да има положено психолошки тест и тест за интегритет
4. Во прилог на пријавата на конкурсот за избор на Директор на Јавното претпријатие кандидатите треба да ја достават следната документација: Доказ за завршено високо образование кое е предвидено со конкурсот (оригинал или заверен на нотар) Доказ за работното искуство кое го има кандидатот кој се пријавува на конкурсот за избор на Директор на Јавното претпријатие. Доказ за познавање на англиски јазик Уверение за државјанство (оригинал или заверено на нотар, не постаро од шест месеци) Лекарско уверение (оригинал или заверено на нотар, не постаро од шест месеци) Потврда/Уверение дека не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или должност (оригинал или заверено на нотар, не постаро од шест месеци) Потврда за положен психолошки тест и тест за интегритет
5. Некомплетните пријави во смисла на точка три нема да бидат земени во предвид при разгледување на доставената документација.
6. Времетраење на рокот за пријавување на јавниот конкурс е пет дена од денот на неговото објавување.
7. Пријавите за учество на јавниот конкурс кандидатите да ги доставуваат по пошта на адреса на Јавното претпријатие за државни патишта на ул. Даме Груев" бр. 14 Скопје или лично во архивата на Јавното претпријатие за државни патишта на истата адреса, во затворен плик со назнака за јавен конкурс за избор на Директор.