Прекрасен поглед на ноќното небо од највисокиот шпански врв

Прекрасен поглед на ноќното небо од највисокиот шпански врв

Подготвил: Драгана Петрушевска


Во момент кога забораваме дека нашата планета е прекрасно место за живот, Терџ Соргед нè потсетува дека Земјата воодушевува со својата природна убавина. Фотографот го снимал небото од шпанската планина Ел Тејде цела недела и потоа ги споил сите снимки во еден краток филм.

Снимките биле направени во 2011 година, кога фотографот го посетил највисокиот врв во Шпанија, висок 3.718 метри.