Кои се најплатените професии во Фејсбук?

Кои се најплатените професии во Фејсбук?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Фејсбук е денес нешто повеќе од социјална мрежа, а за да им понудат нешто ново на корисниците, во компанијата секогаш бараат нови таленти кои би работеле за нив.

 

фб


Позади Фејсбук, кој неодамна достигна милијарда корисници во еден ден, стои армија на дизајнери, инженери, менаџери и други квалификувани луѓе кои се грижат за тоа се` да работи без проблеми. Ова е листата на најплатени професии во Фејсбук, направена од Business Insider користејќи ги податоците од Glassdoor, познатата веб страна за барање на работа.

- Најплатената позиција е позицијата на менаџер на инженеринг - 166.560 долари. Задачата на менаџерот е да работи со тим на инженери за изградба и управување со специфичен производ. Менаџерот мора да поседува повеќе способности и вештини од типичниот инженер на софтвер.

- На второто место е повисокиот инежнер за софтвер кој заработува 160.638 долари. Инженерите кои работат во Фејсбук имаат најдобро искуство и не е чудно што Фејсбук ги плаќа добро.

- Инженер за софтвер се наоѓа на трето место. Мора зад себе да има од 8 до 10 години искуство, а заработува 157.080 долари.

- Менаџер на производи е задолжен се` да биде добро направено и спакувано на Фејсбук. Тие ги „пакуваат“ производите кои ги направиле различни тимови и мораат да се погрижат за тоа производите да стигнат навреме. Познати се како најкритичните личности. Нивната професија е на четвртото место бидејќи заработуваат 147.469 долари.

- Техничкиот менаџер за програми е задложен за водење на основните тимови кои управуваат со различни производи на компанијата. Тие се наоѓаат на петто место и земаат плата од 146.282 долари.

- Инженер за база на податоци - 141.635 долари

- Научни истражувачи - 137.134 долари (Овие истражувачи прават анализи и пронаоѓаат грешки и проблеми на Фејсбук платформата).

- Инженер на софтвер IV - 136.833 долари (особено ценети личности)

- Front-End инженер - 136.131 долари