Колкава е Вашата вредност на

Колкава е Вашата вредност на "Facebook"?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Знаеме дека „Гугл“ и „Фејсбук“ вредат многу за нас. За користење на нивните услуги не плаќаме речиси воопшто, но овие компании сепак заработуваат од своите корисници. Сепак, ништо не е бесплатно.


Познато е дека овие компании ги собираат личните информации на корисниците, кои ги користат потоа за пласирање попрецизни огласи од кои заработуваат. Огласите се поставуваат на социјалните мрежи, меѓу резултатите од пребарувањето, во мејловите или за време на гледање видеа на „Јутјуб“.

Интернет-страницата „Howmuch.net“ се обиде да пресмета колку вреди секој корисник за технолошките компании и тоа врз основа на вкупната пазарна вредност на компанијата и бројот на активни корисници.

Прва на листата е „Амазон“, чија пазарна вредност изнесува речиси 200 милијарди долари, додека бројот на корисниците на нивните услуги изнесува 270 милиони. Така, секој корисник на оваа компанија вреди 733 долари.

Потоа следува „Алибаба“, чии корисници вредат 621 долари, а потоа следува „И-беј“, чија вредност на корисник изнесува 474 долари.

Гугл“ се наоѓа на четвртото место. Пазарната вредност на компанијата изнесува 364 милијарди долари, а секој од 2-та милијарди корисници вреди 182 долари. Потоа следува „Фејсбук“ со вредност од 158 долари за секој корисник.