Комора на вештаци на Република Македонија објавува Јавен оглас

Комора на вештаци на Република Македонија објавува Јавен оглас

КОМОРА НА ВЕШТАЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 8 од Статутот на Комората на вештаци бр. бр. 072099/5 од 14. 06. 2013 година и бр. 012/1 од 24. 02. 2014 година, Комората на вештаци го распишува следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС За избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбор

За член на Управен одбор на Комората на вештаци, може да аплицира лице кое ги исполнува следните услови:
1) лицето е државјанин на Република Македонија и 2) во моментот на аплицирање е лиценциран вештак, впишан во Регистарот на вештаци.

За член на Надзорен одбор на Комората на вештаци, може да аплицира лице кое ги исполнува следните услови:
1) лицето е државјанин на Република Манедонија и 2) во моментот на аплицирање е лиценциран вештак, впишан во Регистарот на вештаци.

Кандидатот е должен апликацијата да ја достави во Комората на вештаци или преку пошта на следната адреса: Комора на вештаци Бул. „Кочо Рацин" бр. 32/16, 1000 Скопје Со назнака: За „Јавен оглас за избор на член на Управен одбор" или За „Јавен оглас за избор на член на Надзорен одбор" Рокот за доставување на пријавите изнесува 7 (седум) работни дена, сметано од денот на првото објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Рокот за доставување на пријавите е заклучно со 14. 09. 2015 (понеделник). Апликациите на кандидатите кои доставиле навремена апликација, ќе се разгледуваат на Собранието на Комората на вештаци на 19. 09. 2015 година, каде ќе се изврши и самиот избор.