Оглас за вработување во Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје
Врз
основа на чл. 63 од Законот за високото образование на РМ, чл. 49 став 1
т. 25 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Филолошкиот
факултет „Блаже Конески" во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил
и Методиј" во Скопје и чл. 34 став 1 од Правилникот за критериумите и
постапката за избор во наставнонаучни, научни, наставностручни и
соработнички звања и асистентидокторанди на Универзитетот Св. Кирил и
Методиј" во Скопје, донесен на 15. седница на Универзитетскиот сенат на
26. 12. 2013 година, Наставнонаучниот совет на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески" во Скопје распишува
КОНКУРС
за избор во наставнонаучно
звање -еден наставник (во сите звања) по Современ англиски јазик и
Применета лингвистика.
Кандидатите покрај општите треба да ги
исполнуваат и посебните услови за избор утврдени со Законот за високото
образование, Правилникот за единствените критериуми и постапката за
избор на наставнонаучни, наставни, наставностручни и соработнички звања и
асистентидокторанти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Работниот однос се заснова на определено време од пет години. Пријавите,
прилозите (биографија, список на објавени научни и стручни трудови,
педагошки и други остварувања од почетокот на кариерата до денот на
пријавата), доказот дека кандидатите се стекнале со научен степен
магистер, односно доктор по филолошки науки, од научната област од која
се избираат и докази за исполнетоста на општите и посебните услови се
поднесуваат во 4 (четири) примероци во Архивата на Филолошкиот факултет
Блаже Конески" во Скопје во рок од 8 дена од објавувањето на Конкурсот.
Освен тоа кандидатите треба да приложат и по еден примерок од научните и
стручните трудови. Почетокот, завршетокот и распоредот на работното
време и паричниот износ на основната плата за наставник се променливи и
се определуваат во согласност со актите на Фкултетот според распоредот
на наставата во семестарот, ангажираноста и звањето во кое е избран
наставникот. Ненавремените и некомплетни документи нема да се земат во
предвид за разгледување. ДЕКАН на Филолошкиот факултет Проф. д-р Славица
Велева