Оглас за вработување во Министерството за здравство

Оглас за вработување во Министерството за здравство

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО За потребите на Центарот за позитронска емисиона томографија (ПЕТЦентар), кој спаѓа во рангот на најсовремена ефикасна дијагностика за успешна и пократкотрајна терапија на малигните заболувања, Министерството за здравство објавува

ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС


За ангажирање на доктори по општа медицина (4 извршители) и дипломирани инженери по информатика (2 извршители)

Ангажираните доктори по општа медицина треба да ги исполнуваат следните услови:- Просекот од завршеното високо образование да биде повисок од 8. 5- Да имаат положен државен испит- Одпично познавање на англиски јазик, за кое треба да поседуваат соодветен сертификат.

Ангажираните доктори ќе бидат упатени на специјализација од областа на нукпеарна медицина, со обврска дел од специјализацијата да реализираат во рамки на реномиран медицински центар во странство. Воедно, со цел стручно и професионално доусовршување на кадарот за потребите на ПЕТЦентарот, ангажираните доктори ќе бидатупатувани на едукации во странство, согласно потребите. Ангажираните инженери по информатика ќе извршуваат работни активности за потребите на ПЕТЦентарот. Заинтересираните кандидати можат да ја достават потребната документација во архивата на Министерството за здравство, или по пошта на адресата: ул. 50 Дивизија бр. 14, 1000 Скопје, со назнака: "Оглас за изразување интерес за ангажирање на доктори по општа медицина и дипломирани инженери по информатика за потребите на ПЕТЦентар Рокот за пријавување е до 16 септември 2015г.