Временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на неделава

Временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на неделава

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево и многу топло. Во попладневните часови во северозападните и западните предели ќе има појава на локална облачност и не се исклучува можноста за сосема слаби локални врнежи од дожд, претежно во планинските предели. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во југозападните предели ќе дува слаб западен и североисточен ветер.




Утринските температури од 10 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда ќе биде сончево и топло. Слаб југоистоичен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индексот 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Сончевото и топло време ќе продолжи и во наредните денови. Во четврток сончево, а во петок и сабота се очекува појава на локална облачност. Утринските температури ќе се движат во интервалот од 10 до 21 степен, додека пак максималните дневни од 27 до 38 степени.

Во недела умерено облачно со повремени сончеви период и со пад на дневната температура која ќе се движи во границите од 24 до 35 степени.