Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена... Од недела се очекува промена на временската состојба

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена... Од недела се очекува промена на временската состојба

Во Македонија во четврток не очекува уште еден сончев летен ден. Ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува североисточен ветер. Засилен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч се очекува во Охридско-Преспаспанскиот регион и во Пелагонија.



Утринските температури ќе се движат од 10 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во четврток ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индексот 7.

Во Македонија во петок претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 27 до 36 степени. Потопло се очекува да биде во сабота кога дневната температура ќе се движи од 28 до 39 степени. Од недела се очекува промена на временската состојба, осетен пад на температурите.

Во недела умерено облачно со повремени сончеви периоди, утринските температури од 12 до 22 степени, а дневните од 25 до 36 степени. Умерено облачно со сончеви периоди и дополнителен пад на температурата се очекува во понеделник. Во западните и југоисточните предели со услови за слаб дожд. Максималните температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степени.

Weather4all.com.mk