Чудото на природата забележано и со камера

Чудото на природата забележано и со камера

Подготвил: Тамара Гроздановски

фото

 

За рускиот фотограф Анатолиј Белошќин авантурите не се непозната територија. Досега имал можност да се сретне лице в лице со ајкули и китови, имал можност да го прошета Антарктикот, но она што последно го доживеал можеби е најдобро од сите - открил подводна река.


Имено, нуркајќи на полуостровот Јукатан во Мексико во природните пештери создадени после распаѓањето на една пештера, тој паднал во 60 метри длабока јама наречена Сеноте Ангелита. Таму пронашол нешто сосема неочекувано - подводна река која била создадена во текот на природниот процес познат како „халоклин“, до кој доаѓа кога две водни струи имаат различна соленост.

До 29 метри длабочина водата е слатка, додека под 30 и 60 метри длабочина, водата е солена. Оваа река всушност е релативно тенок слој на хидроген сулфат, кој ја издвојува слатката од солената вода.

Погледнете го фасцинантното видео.