Спој на теорија и практични искуства - Клучен фактор за успешна менаџерска кариера

Спој на теорија и практични искуства - Клучен фактор за успешна менаџерска кариера

Стручните студии на Бинзис академијата Смилевски се фокусираат на развивање на конкретни професионални вештини кај студентот. БАС подготвува професионални менаџери од сите три менаџерски нивоа – надзорници, раководители и топ-менаџери. Интензивната интерактивна настава се изведува во мали студиски групи каде студентите ги развиваат своите менаџерски вештини работејќи на постојните деловни предизвици со кои се соочуваат во текот на својата работа или теренската студентска пракса.

Еве што кажаа некои од дипломантите на БАС:



Дијана Неделковска - Дипломиран Оперативен менаџер

Главен тренер при Академијата за боречки вештини ‘’ЗА НЕД ДО’’ – Битола и двократен светски првак во екстремна самоодбрана.

Со приближно 30 годишно искуство во светот на спортот, од кое 15 години како професионален спортист, несомнено доволно ја запознав тежината таа ‘’функција’’ . Но, откако станав и помошник главен тренер, ја запознав и другата страна од медалот.

Сите борби и натпревари бараат макотрпна, организациона и административна подготовка за која проценив дека студиите по модулот Спортски Менаџмент на Бизнис Академија Смилевски – БАС Скопје се правилниот избор за професионално ориентирање и надградба во оваа сфера од спортот.

Благодарение на пренесеното знаење од наставниот кадар на БАС, денес покрај тоа што сум истакнат професионален спортист сум и солиден спортски менаџер, a најголем успех се резултатите на моите ученици.



МBA Гордана Балтовска
Член на Управен одбор
Стопанска Банка а.д. Битола


Секој човек треба да инвестира во сопствениот професионален развој, да направи се што може за постојано да ги унапредува своето знаење и вештини. Само со перманентна заинтересираност за напредок на процесот на работа можеме да успееме во нашата професија и да придонесеме за успехот на организацијата во којашто работиме. Мојот избор за мастер студии беше Бизнис Академијата Смилевски која ми овозможи да стекнам практични вештини и да го подобрам моето знаење во областа на стратегискиот менаџмент, односно да навлезам во суштината на појавите и процесите, нивните причинско последични односи и можностите за нивно подобрување.

Комуникацијата со професорите и останатиот кадар беше на високо ниво, секогаш беа достапни за било какви консултации и прашања, а ми се отвори и можност за поврзување со останати стручњаци од пракса, за интеракција и интеграција на различни идеи и перспективи.

Им препорачувам на сите студенти кои размислуваат каде да го стекнат своето високо образование или да го надоградат веќе постоечкото, ако сакаат да очекуваат освен теоретски да стекнат и практични знаења, коректен однос и широк круг на контакти, тоа да го направат во БАС. Времето е се што имаме и во зависност од тоа како ќе го искористиме и кому ќе веруваме зависи нашата иднина. Јас верував во БАС и не згрешив. На Вас е да одлучите во чии раце ќе ја ставите Вашата иднина.





Стевче Стефановски, MBA

Раководител на Одделението за катастар на недвижности Битола,
Поранешен ракометар и селектор
на Македонската машка ракометна репрезентација

По 25 годишна спортска кариера започнав кариера на правник, вработувајќи се во Одделението за катастар на недвижности Битола. Само по неколку години ја добив функцијата раководител на Одделението во Битола. Тоа беше вистински момент да започнам да размислувам за надградување на полето на стратегиското менаџирање. Бизнис Академијата Смилевски беше вистински погодок. Постдипломските студии ги надополнија моите знаења, добив одговор на многу прашања кои се наметнуваа во текот на работата, а денес успешно применувам теоретски и практични искуства кои ги стекнав на БАС.

На сите идни постдипломци им препорачувам да бидат упорни за да ја постигнат посакуваната цел. За тоа Ви се потребни многу труд и вистински знаења кои може да ги добиете само кај НАЈДОБРИТЕ!