Која е разликата меѓу алуминум и алуминиум?

Која е разликата меѓу алуминум и алуминиум?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Алуминум е 13-от елемент во Периодниот систем на елементи и еден од најприсутните метали на Земјата, а исто така и алуминиум. Впрочем, ние го знаеме како алуминиум, но Американците го нарекуваат алуминум, и тоа со причина.


За сè е „виновен“ научникот Хамфри Дејви од 19-от век. Дејви не го открил елементот. Гејтон де Морво го предложил името за минералната основа алумин, го препознал металот и одлучил да го нарече алуминум.

Во 1812 година, колегите на Дејви започнале да го користат името „алуминиум“, тврдејќи дека звучи подобро. Во 1827 година, елементот бил изолиран од страна на Фридрих Вулер. 


Зошто, тогаш, Американците го користат стариот назив?

Се верува дека Ноа Вебстер повеќе го сакал терминот алуминум и го вклучил во неговиот речник од 1828 година. Подоцна, во 1925 година, Американското хемиско општество официјално го променило името на елементот во алуминум.