Најдобрите менаџери во светот ви откриваат како да стигнете до

Најдобрите менаџери во светот ви откриваат како да стигнете до "вратите" на успешните компании

Подготвил: Тамара Гроздановски

Светските топ менаџери и бизнис лидери ви откриваат како да стигнете до „вратите“ на успешните компании и како работодавецот да ве гледа како успешен професионалец.

 

menadzeri


„Не можете да глумите каква личност сте и која е вашата цел и страст“.

Милијардерот Ричард Брансон, основач на The Virgin Group верува дека човек може да научи одредени вештини, меѓутоа дефинитивно не може да тренира каква личност тој ќе биде. Тој смета дека треба да се вработуваат кандидати кои ќе компензираат за неговата слабост. Но, најмногу од се`, тој се потпира на тестот кој постојано го користи кога вработува кандидати.

„Зборот „цел“ повеќе не е само популарен збор. Тоа е нешто што кандидатите мораат да го имаат. Страста и целта ќе ги одржува луѓето фокусирани во работата и на крајот ќе ги издвои успешните и неуспешните“, вели тој .

Покажете ми како размислувате и што чувствувате

Ако некогаш имате можност да одите на интервју кај Анџела Ахрендс, потпретседателка на Apple, треба да имате во предвид дека прашањата повеќе се насочени кон тоа што мислите отколку давање на вистинскиот одговор.

„До моментот кога кандидатите пристигнуваат до мојата канцеларија, мислам дека може да се каже дека тие се неверојатно паметни во нивното поле на професија. Сакам да видам дали тие се културно компатибилни. Дали имаат емпатија, дали сочувствуваат, дали се грижат и дали сето тоа го прават од срце“, вели таа.

Треба да бидете во можност да кажете што критичарите би рекле за вас


Стен МекКристал, кој работи во американската морнарица, ја знае важноста на поставувањето на вистинските луѓе на вистинското работно место во вистинско време. Сепак, тој вели дека не постои тајна формула за вработување. Тој открива едно прашање што постојано го поставува за време на интервју за работа.

„Што би рекол за вас некоја личност на која не му се допаѓате? За да го одговорите ова прашање потребна е доста самосвест, чесност и храброст што е навистина тешко да се најде во една личност“, вели тој.

Сфатете дека референците може да ве афирмираат или да ве потонат

Успеавте да поминете во првиот круг, и ви се јавуваат откако го погледнаа вашето CV во кое имате одлични референци. Кевин Чоу, извршниот директор на Kabam, вели дека постојано ги прегледува референците.

„Вашата репутација и постигнувања зборуваат погласно од вашите одговори за време на интервјуто за работа. Вашата дневна интеракција со сите околу вас, вклучувајќи ги и оние под вас, може да влијаат врз вашата идна работа“, вели тој.

Потребно е да знаете дека квалитетите кои ги вреднуваат работодавците често пати не се наоѓаат во CV-то

Карактерните црти како интегритет и кредибилитет кои прават разлика не можат да се пронајдат во CV-то. Барем така вели Ралф де ла Вега, претседател и извршен директор на AT & T mobile.

„Ако немате интегиртет, не сакам да бидете дел од мојот тим. Се` се сведува на ова: Луѓето кои работат со вас не смеат да се сомневаат дека вие ќе ја направите вистинската работа, без разлика на тоа дали некој го гледа или не“, вели тој.

Успеавте на интервјуто? Сега доаѓа тешкиот дел!


Бет Комсток, главниот маркетинг директор на General Electric, ги истакнува нејзините стратегии за пронаоѓање на успешен работник.

„Запомнете дека вашата компанија ве вработиле поради вашата позадина, вештини и поради она што го имате а нив им е потребно - би било навистина голема штета доколку ги потисните истите работи кои некогаш ве правеле уникатна личност“, вели таа.