NewMan’s Бизнис Акцелератор:

NewMan’s Бизнис Акцелератор: "Создаваме млади луѓе со супер моќи за кариерен напредок"

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА CLOUD АКАДЕМИЈА
“Создаваме млади луѓе со супер моќи за кариерен напредок”
КАЈ БЕА МИНАТАТА ГОДИНА, А КАЈ СЕ ДЕНЕС ПЕТАР, ВЛАТКО, СТЕФЧО И ХАРИС

Мисија на NewMan’s Бизнис Акцелераторот и заедницата во него е охрабрување на млади луѓе да не се задоволуваат со просечен живот, туку да ги идентификуваат, планираат и достигнат своите професионални цели во најпродуктивните години од нивниот живот.

На единствената интернационална Клауд академија, во склоп на NewMan’s Бизнис Акцелераторот, во тек се уписите за запишување на студенти за академската 2015/2016 година, а можноста потенцијалните кандидати да се стекнат со стипендија важи за сите пријавени кои ќе освoјат доволен број нa поени на тестирањата за прием на академијата.

При креирањето на секоја од програмите е вклучен по еден ментор од странство со искуство на светските пазари, а пред се од Америка.

haris“Од академијата во NewMan’s Бизнис Акцелераторот добив премногу знаење, почетно и напредно во областа на 3Д Моделирање, Анимација и Визуелни Ефекти. Оттука добив можност да отидам на пракса во Fx3x каде што го надоградив уште повеќе моето знаење и искуство, што ми овозможи веднаш потоа и вработување кај нив.“ – Петар Тановски, минатогодишен студент на Акдемијата за 3Д Моделирање, Анимации и Визуелни ефекти и 3Д артист во Fx3x.
Целта на академијата е да понуди уникатност во едукацијата и специјализацијата на млади луѓе, кои што навремено ќе ги идентификуваат своите вештини и континуирано ќе работат на нивно развивање, преку уникатна програма, соработка со интернационални компании и ментори, реализирање на пракси во истите, како и запознавање со можностите во Силиконската долина.

vlatce“Во последните неколку години многу се поттикнува напредок во индустриското производство , хардверот со отворен софтверски код (open-source), сензори и паметни сензорски мрежи (IoT), како и роботиката која е збир на сите претходно споменати области. Прототајпинг студиото во ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе се стреми да ги поддржи сите идеи и интереси на стартапите и интелектуалците, како со својот простор и достапни алатки за прототипирање кои ги содржи, така и со консалтинг и финансирање на најдобрите идеи. Сето тоа со цел да се создаде квалитетен продукт и да се забрза процесот “од идеа до реализација” – Влако Ќосев, минатогодишен студент на Академијата за Роботика, Мехатроника и Ембедед системи, Локален лидер за НАСА Спејс натрпеварот за апликации за Охрид и новиот координатор на прототајпинг студиото на NewMan’s Бизнис Акцелераторот.

Оваа година се реализираше и првиот BootCamp во САД, каде што студенти од академијата разговараа и присуствуваа на интервјуа за пракси во познати компании како Google, Rapid7 и Blizzard. Во Македонија, преку соработката со искусни ментори од бизнисот и индустријата, како и клучни партнери, остваривме значајни пракси и вработувања во еминентни компании на голем дел од студентите, а двајца од нашиот тим во декември ќе присуствуваат на лансирање на ракета во вселената од Флорида, организирано од SpaceX и NASA поради успешна реализација и значаен придонес на Њу Менс Бизнис Акцелераторот во NASA Space Apps Challenge настанот на 10 локации во Европа.

 “Како студент на NewMan's академијата за компјутерски мрежи и сајбер безбедност имав можност да учествувам на 10 дневен BootCamp во Сан Франциско и Лос Анџелес (САД) и воедно да stefcoпосетам светски познати компании како што се Google, JPL, Rapid7, NASA Ames Research Center како и Stanford University и др. и од прва рака да видам што значи да се работи во такви компании и институции. Импресиониран сум од начинот на работа кој го применуваат, нивната точност и посветеност како и огромниот број можности кои им се нудат на младите и креативни индивидуи за остварување на нивните визии и цели во животот. Искрено верувам дека со стекнатото искуство, целокупната обука во клауд академијата и контактите преку NewMan's Business Accelelerator-от ќе имам повеќе можности за остварување на моите визии и свесно менаџирање на мојот животен и кариерен пат.” – Стефчо Џуклески, минатогодишен студент на Академијата за Компјутерски Мрежи и Сајбер-безбедност кој го помина првиот разговор за пракса во Rapid7 со канцеларии во Лос Анџелес, Бостон, Торонто, Сингапур и Белфаст.


haris“Како победник на NASA Space Apps Challenge во 2014 година, од особено задоволство ми беше што ги посетив NASA Ames Research Center, Boot Up World и JPL и разговарав со сите тие брилијантни умови за уникатните можности кои ги нудат. Студирањето во NewMan’s ми помогна да го профилирам моето знаење, да ги пронајдам и развијам моите силни страни и да ги насочам кон она што сакам да го работам во иднина.” - Харис Куч, студент на Академијаа за 3Д Моделиање, Анимации и Визуелни Ефекти.

Поради актуелните уписи на академијата, во акцелераторот континуирано се остваруваат отворени сесии со актуелни ментори за сите 6 академии, а овој петок (11 Септември, од 11 часот) ќе биде одржан и првиот таканаречен КАРИЕРЕН ДОРУЧЕК заедно со Коста Петров основач на P-world, Тања Таневска со-основач на Вокс Тенео и Игор Стаматовски основач на ИБОРН кои ќе разговараат со студентите за нивните кариерни можности и развојот на вештини како и актуелните отворени позиции за пракса и работа во нивните компании.

irena“Најголемата вредност што студентите ја имаат од нашите програми е што по нивното завршување веќе се издвојуваат и по нивото на знаење и по нивото на деловни контакти и можности од останатите кандидати на пазарот на труд и наместо на почетнички позиции со минимални примања ќе можат многу бргу да конкурираат и добијат позначајни позиции и подобро да заработуваат. А токму од стартот и динамиката на кариерниот пат во првите неколку години зависи и максималното професионално ниво што некој ќе има можност и време да го достигне во својата кариера.”, изјави Ирена Чаушевска, CEO и Основач на NewMan’s Business Accelerator.
 

Во тек е аплицирањето за стипендии за програмите и можете да се пријавите за тестирање и разговор со тимот од Клауд Академијата на линкот за стипендија или да се јавите на броевите 072 220 484 и 072 220 191.