Министерството за одбрана на Република Македонија го објави конкурсот за прием на професионални војници

Министерството за одбрана на Република Македонија го објави конкурсот за прием на професионални војници

Bр3 основа на член 37 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на РМ бр. 36/1 0, 23/ 47/11 148/11 55/12 29/14 и 33/15), член 1 од Правилникот за начинот за спроведување на постапката за прием на кандидати за офицери односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија Службен весник на РМ" бр. 1 65/201 4) и Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр. 014108/1 од 19. 08. 2014 година, Министерството за одбрана на Република Македонија објавува 

1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години за:
- специјалните единици на Армијата на Република Македонија идруги родови и служби на Армијата на Република Македонија.

2. Кандидатите за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија од точката 1 треба да ги исполнуваат следните услови: Општи услови: да се државјани на Република Македонија; да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови: да имаат завршено средно образование; да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Кандидатите за специјалните единици на Армијата на Република Македонија да: поседуваат пливачка способност, изразена можност за пливање 50 метри во должина.

3. Кандидатите во текот на постапката за прием на професионални војници, ќе бидат писмено тестирани (општообразовен тест и психолошки тест), ќе биде проверена нивната физичка способност, ќе им биде вршен интервју и ќе им бидат вршени здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана.

4. Кандидатите кои ќе ги поминат горе наведените проверки можат да пристапат кон селективен курс, со тоа што потребно е да дадат изјава за доброволно пристапување на селекција за избор на кандидати со неможност за барање на оштета од Министерството за одбрана во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција и да склучат договор за спроведување на селективен курс.

5. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

6. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од три години.

7. Јавниот оглас за прием на професионални војници трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници, a пријавите со потребните документи се поднесуваат во Секторот за цивилновоена соработка со регионални центри за одбрана.

8. Кон пријавата која се поднесува и заведува во Подрачното одделение за одбрана за регионот од точка 7 на овој оглас, кандидатите се должни да ги приложат во оригинал или заверена фотокопија следните документи: анкетен лист кој се добива во Подрачното одделение за одбрана каде се поднесува молбата; своерачно пополнет прашалник со изјава за морална, материјапна и кривична одговорност, за точноста на дадените податоци. диплома за завршено средно образование; уверение за државјанство; извод од матична книга на родените; уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци); доказот за завршено доброволно служење на воен рок, Министерството за одбрана ќе го прибави по службена должност и лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот.

9. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.


10. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија, документите ќе им бидат вратени преку Оделението за одбрана за регионот од точка 7 на овој оглас, каде што се поднесени.