Слободни работни места во Република Македонија

Слободни работни места во Република Македонија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Државниот завод за статистика ги објави податоците за стапките за вработеност и невработеност и слободните работни места во Македонија за второто тримесечје од 2015-та година. Според податоците, стапката на слободни работни места изнесува 1,47%.

Најмногу слободни работни места има во секторот на објектите за сместување и сервисни дејности со храна. Од друга страна, најмалку работа има во областа на снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.





По регион, најмногу слободни работни места има југозападниот дел од земјава.





Во моментов во Македонија има 6.747 слободни работни места, а пополнети се 452.291 работни места.