Новиот iphonе ќе ве снима постојано, сакале или не

Новиот iphonе ќе ве снима постојано, сакале или не

Подготвил: Драгана Петрушевска


Новите ајфони ќе бидат подесени автоматски да снимаат постојано видео и аудио кога се користи апликацијата за камера, без корисникот да има потреба од притискање на копчето и дури и кога камерата не е подесена да снима. Компанијата го објави ова на почетокот на неделава.

Очекувано, компанијата го претстави ова на поинаков начин:

„Една фотографија забележува замрзнат момент во времето. Со ,Live photos', овие моменти може да станат незаборавни спомени. Во основата на секоја ваква фотографија се наоѓа 12-мегапикселна слика, но заедно со таа слика се снимаат и моментите пред и по правењето на сликата, снимени со секое движење и секој звук.“

Не постои друг начин да бидат забележани моментите пред и по сликањето отколку постојаното снимање додека се користи камерата, пишуваат „Gawker“.