Фејсбук конечно ја воведува опцијата

Фејсбук конечно ја воведува опцијата "dislike"?

Подготвил: Тамара Гроздановски

На сесијата „Q+A“ (прашања и одговори) одржана во седиштето на Фејсбук во Менло Парк, Калифорнија, Марк Цукерберг откри дека наскоро пристигнува опцијата за „dislike“ со која луѓето ќе можат да го изразат нивното сочувство и нивната солидарност.

 

лајк


Тој изјави дека опцијата е многу блиску до фазата на тестирање од корисниците.

Голем број корисници уште од одамна бараат воведување на ваква опција, уште од самото воведување на легендарната „like“ опција во 2009 година.

„Луѓето постојано прашуваа каде е копчето „dislike“, и тоа доста долго време. Веројатно многу луѓе го побараа ова, а денес е посебен ден бидејќи можам да кажам дека работиме на него и сме доста блиску до негово тестирање“.

Сепак, тој вели дека опцијата не треба да се користи како механизам со кој луѓето ќе ги уништуваат постовите на другите. Наместо тоа, копчето ќе биде наменето за оние тажни постови за кои е несоодветно копчето „like“.

 

Проф. Андреа Форте, експерт за социјални и партиципативни медиуми на Дрексел Универзитетот во Филаделфија вели дека корисниците ќе се свртат еден против друг веднаш после воведувањето на опцијата.


„Копчето може да се користи за да изрази негативни емоции (како фрустрацијата со рекламите кои излегуваат) меѓутоа не би требало да започнат да кликаат „dislike“ на фотографиите на бебињата, мачките и кучињата на пријателите. Мислам дека воглавно ќе се користи за да искаже благо неодобрување или да изрази солидарност кон постовите во кои се содржи смрт или загуба“, вели таа.

Но, што велат корисниците за воведувањето на оваа опција? Многу луѓе едвај ја чекаа опцијата, меѓутоа постојат измешани реакции. Дел од нив мислат дека е лоша идеја затоа што ќе се злоупотребува и нема да постои за тоа што треба да постои. Други велат дека ако навистина служи за солидарност и сочувство, тогаш најдобро би било да се воведе копче „Solidarity“ со кое навистина ќе се искаже солидарноста бидејќи на овој начин ќе им се даде огромна шанса на „троловите“ кои ќе започнат да прават проблеми. 

 

Watch the full video of today's townhall Q&A with Mark.

Posted by Q&A with Mark on Tuesday, September 15, 2015