Министерството за финансии вработува

Министерството за финансии вработува

Влада на Република Македонија Генерален секретаријат МФРМ. РЕ. 750. 347/1 "м ѓ. -. МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Министерството за финансии врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15) и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии, објавува

ОГЛАС БРОЈ 2/2015 ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА ВО ПРОЕКТНАТА ЕДИНИЦА ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ- ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ



Министерството за финансии објавува оглас за вработување 7 (седум) лица во Проекгната единица за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст Детска градинка, на следниве работни места:

1. Воспитувач- (2 извршитела)

Потребни квалификации:- стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст и дипломиран педагог за предучилишно воспитание или со завршено соодветно вишо образование за воспитувачи;- најмалку 1 година работно искуство во струката;- важечка лиценца за воспитувач;- дневно работно време од 8:30 до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа- од понеделник до петок;- основна нето плата 20. 441, 00 денари.

2. Неговател- (4 извршители)
Потребни квалификации:- завршено средно четиригодишно образование;- најмапку 1 година работно искуство во струката;- важечка лиценца за неговател;- дневно работно време во смени (прва смена од 7:30 до 15:30 часот, втора смена од 10:30 до 18:30 часот), неделно работно време 40 часа- од понеделникдо петок;- основна нето плата 17. 156, 00 денари.

3. Садомијач/сервер- (1 извршител)
Потребни квалификации:- завршено средно стручно образование- угостителска струка;- без работно искуство;- дневно работно време од 8:30 до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа- од понеделникдо петок;- основна нето плата 10. 915, 00 денари.

Повеќе податоци за работните должности на лицата кои ќе работат во Министерсгвото за финансии на работните места за кои е распишан огласот може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии објавен на следниотлинк: http://www. finance. gov. mk/mk/node/13.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
кратка биографија- CV со задолжително наведен контакгтелефон и адреса; фотокопија од диплома/свидетелство за завршен степен на образование кое се бара за работното место, фотокопија од соодветната лиценца која се бара за работното место, соодветен доказ за работното искуство и копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса: Министерство за финансии ул. „Даме Груев" бр. 12, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување" или електронски на следниве email адреси: verica. stoilova@finance. gov. mk и aleksandra. lulkoska@finance. gov. mk.

Доколку апликациите се доставуваат по пошта, на ковертот да се наведе бројот на огласот, со напомена: „Не отворај" Доколку апликациите се доставуваат по електронски пат, потребните документи за аплицирање задолжително да се достават скенирани. Рокот за доставување на потребната документација е седум (7) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 25. 09. 2015 година.

Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледана. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерството за финансии. Министерството за финансии ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи. Лица за контакт: Верица Стоилова- тел. 02/ 3255 619; verica.stoilova@finance.gov.mk Александра Лулкоска- тел. 02/ 3255 760; aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk