Навиката која ќе ве стави во топ 1% во било која област

Навиката која ќе ве стави во топ 1% во било која област

Подготвил: Драгана Петрушевска

Идеи, знаење, вештини, инспирација - сите овие работи се достапни преку книгите. Читањето, повеќе од било што друго, овозможува учење и растење. Со читањето може да добиете вештини во било која област и да продолжите да се развивате во својата. Сите најуспешни луѓе на денешницата читаат книги.


Дали сакате да научите како да ги користите парите?

Ворен Бафет е еден од најуспешните инвститори на сите времиња. Неговите дневни активности вклучуваат читање весници, извештаи и книги. Самиот тој еднаш изјавил дека „Интелигентниот инвеститор“ на Бенџамин Греам претставува основа на неговиот инвестициски модел.

Дали сакате да го зголемите бизнисот?

Пред да стане познат по својата хуманитарна работа, Бил Гејтс ја основал најуспешната технолошка компанија на сите времиња. Читањето и учењето нови идеи е една од тајните на неговиот успех. На неговата интернет-страница може да се најде и листа на читање составена од него.

Дали сакате да научите лекции од големи луѓе од минатото?

Писателот и експерт во маркетинг Рајан Холидеј препорачува читање биографии. Биографиите нè учат како луѓето ги надминуваат значајните проблеми во животот.

Дали сакате да започнете со читање секој ден?

Почетокот може да биде тежок за некои луѓе. Доколку ова сте вие, започнете полека. Читајте по страница на ден додека појадувате. Постепено зголемувајте ги страниците и наскоро ќе читате многу повеќе.

Сакате да заработувате повеќе со читањето?

Експертите со специјализирано знаење се повеќе платени денес. Напредувајте во кариерата со читањето и фокусирајте се на она што ве интересира. Наскоро ќе станете дел од топ 1% од експертите во вашата индустрија.