Норвешка му плаќа на Бразил милијарда долари за намалување на стапката на уништувањето на шумите

Норвешка му плаќа на Бразил милијарда долари за намалување на стапката на уништувањето на шумите

Подготвил: Тамара Гроздановски

норвешка


Норвешкиот министер за животна средина Тине Сундтофт во понеделникот објави дека нејзината влада ќе направи исплата од 1 милијарда долари пред самитот за глобална клима во декември, затоа што Бразил постигнал многу повеќе во својата посветеност на намалување на стапката на уништувањето на шумите за 75% во текот на изминатите седум години.

„Достигнувањата на Бразил за намалување на уништувањето на Шумите во Амазон се навистина импресивни“, вели Сундтофт. „Придобивките за глобалната клима за биодиверзитетот и виталните екосистемски услуги, како и за луѓето кои живеат во и надвор од Амазон, се немерливи“.

Норвшека во 2008 година и` вети на Бразил дека ќе и` исплати 1 милијарда долари помеѓу 2008 и 2015 година во замена за забавување на загубата на шумата како дел од механизмот наречен „Amazon Fund“.

Генералниот секретар на ОН изјави дека фондот е одличен пример за меѓународна соработка со кој се обезбедува иднината на одржливоста на планетата.

Бразилскиот министер за животна средина, Изабела Тешеира изјави дека фондот функционираше како „сидро на бразилските напори“ за да се пронајде начин корисно да се употребат огромните шумски области.

Помеѓу 1996 и 2005 година, кој беше референтен период на фондот, Бразил сече 20.559 километри квадратни, област колку големината на Велс. Од август 2013 година до јули 2014 година, областа се намали на 4.848 километри квадратни.

Фондот, воден од Банката за бразилски развој, ги користи  парите за да плати одржливи и иновативни начини за развој на регионот на Амазон.