Универзитетот во Копенхаген бара бесплатно образование за сиријските бегалци

Универзитетот во Копенхаген бара бесплатно образование за сиријските бегалци

Подготвил: Тамара Гроздановски

данска

 

Данскиот Универзитет во Копенхаген од владата бара да започне правна постапка со која ќе им се овозможи на бегалците бесплатно да студираат на Универзитетот.


Ректорот на Универзитетот во Копенхаген Ралф Хемингсен изјави дека е неопходно да се преземе иницијатива за бегалците од Данска да имаат бесплатно образование.

„Бегалците кои добија привремена дозвола за престој треба уште од првиот ден да имаат право на образование. Многу од нив имаат завиден потенцијал, образовани се и искусни. Без разлика дали ќе останат или ќе се вратат од кадешто дошле, нивниот талент ќе биде баран“, вели Хемингсен во неговото писмо до данскиот министер за образование Есбен Лаунде Ларсен.

Претседателот на комитетот на студенти на Данска, Јасмин Давали изјави дека учениците кои доаѓаат од различни култури можат да придонесат во науката, а најголема корист од сето тоа ќе има Данска.

PR менаџерот на Универзитетот во Копенхаген Џаспер Стин Винкел изјави дека повеќето Сиријци имаат високо образование, и додаваат дека сите студенти се доста талентирани. Винкел додава дека министерот Ларсен се`уште нема одговорено на ректорот, но истакнува дека доколку добијат „зелено светло“, неопходно е овие студенти прво да научат англиски и дански јазик.