Времето денес и прогноза за викендот што следува... Од наредна недела пад на температурите!

Времето денес и прогноза за викендот што следува... Од наредна недела пад на температурите!



Летото се` уште не се предава, продолжуваат високите температури. Во четврток во Македонија ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе од 10 до 20 степени додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје во четврток сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок сончево и топло. Максималните дневни температури ќе се движат од 28 до 38 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност, и благ пад на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 26 до 36 степени.

Во недела претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури од 9 до 19 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 24 односно до 34 степени.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник, ќе биде облачно со врнежи од дожд во текот на целиот ден и посвежо. Па така дневните температури ќе имаат осетен пад и ќе достигнат до 13 односно до 24 степени.

Weather4all.com.mk