Краток филм за нашето секојдневие од Натали Башовска

Краток филм за нашето секојдневие од Натали Башовска

Подготвил: Драгана Петрушевска

Натали Башовска е студентка по филмска режија и фотографија на Уметничката академија во Њујорк.

Неодамна, таа одржа изложба на фотографии од Њујорк во Охрид и Скопје, а најновото нешто од неа доаѓа во видео формат. Како што пишува таа, инспирирана од секојдневниот живот околу нас и етничките различности, таа снимила видео од кинескиот кварт во Њујорк.

Во видеото, Натали ги забележува моментите на кои најчесто не внимаваме, но кажуваат многу за една култура во моментот. Видеото е насловено „Amongst us“.