Италијанскиот град кој одбива да умре

Италијанскиот град кој одбива да умре

Подготвил: Тамара Гроздановски

Со население од само шест жители, овој град е наречен „градот кој умира“. Сепак, жителите имаат страсна желба да го одржуваат во живот.

 

1


Во градот нема пошта, нема супермаркет, нема аптека ниту пак болница, а единственото училиште се затворило пред неколку децении.

Се` што останало од Чивита ди Бањореџо, гратче во близина на Лацио основано од Етрурците пред 2.500 години, е неколку викендички, едно хостелче, ресторани и продавници за сувенири - сите наменети за туристите кои доаѓаат во гратчето за да се восхитуваат на овој скапоцен камен на минатото.  За време на летните периоди, гратчето со само шест жители успева да се наполне и да достигне до 100 луѓе.

39 годишната Ариана е еден од жителите на овој град, која е сопственик на „La Cantina di Ariannа“, ресторан кој останал од нејзините предци.

 

2


„Повеќе ништо нема, но голем дел од мојата семејна историја се наоѓа токму тука. Мојот живот е тука, и јас не сакам да живеам на друго место. Еднаш ова место имаше прекрасен дух и жители - сите бевме како едно големо семејство“, вели таа.

Предците на Аријана дошле во градот пред 1.000 години и работеле како фармери во околината. Аријана пораснала на една од четирите улици кои ја сочинуваат Чивита.

Денес градот се смета за „бисер на долината Тибар“, а луѓето започнале да го напуштаат во 17-от век, поради двата земјотреси и ерозија на почвата кои предизвикале уништување на средновековните згради.

Денес до градот, кој личи како да излегол од бајките, може да се стигне само со поминување на тесниот мост за пешаци - прошетка која трае околу 10 минути. Градот е недостапен за восила, освено мопеди.

 

2


Преживувањето на Чивита секогаш било диктирано од силите на природата - лизгањето на земјиштето како и парите потребни за поправање на штетата. Во 2013 година беше воведена такса од 1.30 евра за влез во градот, со цел да се соберат средства за негово одржување.

Самото име како град кој умира е примамлив начин за привлекување на љубопитните туристи.

„Бројот на туристите започна да расте во текот на изминатите неколку години. Особено го посетуваат туристи од Кина“, вели Аријана.

Во изминатите неколку години, група на италијански уметници вложија напор за спасување на гратчето па покренаа петиција за градот да биде дел од светското наследство на Унеско. Но, локалните жители мислат дека треба да се вложат поголеми напори, особено кога станува збор за заштита на градот од лизгање на земјиштето.