Програмирањето ќе се учи од основно училиште во Австралија

Програмирањето ќе се учи од основно училиште во Австралија

Подготвил: Драгана Петрушевска


Новиот наставен план по дигитални технологии кој беше одобрен од сите министри за образование во Австралија изминатата недела вклучува програмирање наместо историја и географија.

The Australian“ известува дека компјутерските кодови ќе се учат во основните училиште од 5-та година на образованието, а програмирањето од 7-та година. Ова се наоѓа во новиот закон кој беше одобрен изминатата недела.

Владата ќе издвои 12 милиони австралиски долари за четири иницијативи во рамките на образованието: развој на иновативен наставен план по математика, воведување компјутерско кодирање, програма за соработка меѓу училиштата и останатите сектори и финансирање на летни школи за ученици од сите групи.