Пекабеско вработува! Отворени се повеќе работни места

Пекабеско вработува! Отворени се повеќе работни места

ПЕКАБЕСКО АД
Ул.10 бр.44 Кадино, Илинден 

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД УСПЕШНИОТ ТИМ НА КОМПАНИЈАТА ПЕКАБЕСКО АД КОЈА Е 

Производител на сувомеснати производи, трговец, увозник, извозник на големо со прехранбени производи и дистрибутер која заради остварување на целите Ви ги нуди слободниве работни позиции:

МАГАЦИНСКИ РАБОТНИЦИ

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Средна стручна подготовка
Предност ќе имаат тие со работно искуство во магацин
Компјутерски вештини
Трудољубиви со воља за работа
Комуникациски способности
Способност за тимска работа

Работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци со можност за продолжување, нето плата 12.000,00 ден, работното време е понеделник – сабота, а неделното работно време изнесува 40 часа, избор ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

ДИСТРИБУТЕР ЗА ХРАНА ЗА РЕОН СКОПЈЕ

Опис на работни задачи:
Директна продажба
Директна дистрибуција
Директна наплата

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Средна стручна подготовка
Најмалку 3 години активно работно искуство во областа на продажбата и дистрибуцијата на стока
Возачка дозвола Б категорија
Преговарачки способности, комуникативност
Ориентација кон остварување на продажни резултати

Работниот однос се склучува на одредено време 3 месеци со можност за продолжување, нето плата 22.000,00 ден, работното време е понеделник – сабота, а неделното работно време изнесува 40 часа, избор ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Напомена - молбите на кандидатите кои немаат работно искуство во струката нема да се разгледуваат.

Испратете го вашето CV ( молба ) na e-mail cv@pekabesko.com.mk

Апликациите да се достават заклучно со 30.09.2015 година.
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги задоволуваат критериумите.