Што треба да знаете за колективниот штрајк во образованието во Хрватска?

Што треба да знаете за колективниот штрајк во образованието во Хрватска?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Вчера (петок) започна штрајкот во одновните, средни и високи училишта, како и на факултетите и научните институции. Четири синдикати на образование и науки го организираа овој штрајк барајќи зголемување на платите на вработените во образованието за 4%.


Синдикатите најавија дека штрајкот во образовните и научните установи ќе трае до исполнување на барањата, односно зголемување на платите на вработените во образованието или до формирањето на техничка Влада. Синдикатите им порачаа на сите родители да не ги испраќаат децата на училиште, а оние кои ќе дојдат ќе бидат згрижени бидејќи во училиштата ќе останат одговорни лица.

Министерот за образование и наука, Ведран Морнар во четвртокот упати отворено писмо до сите во образованието во кое споменува дека во никој случај не го доведува во прашање правото на штрајк, но ги моли наставниците и професорите уште еднаш да размислат дали штрајкот е решение.

Тој потсети дека и понатаму е подготвен за преговори и ќе се залага за зголемување на платите, но смета дека е неприфатливо да се создаваат нови обврски за новата влада непосредно пред изборите.

Тој изјави дека децата кои нема да дојдат нема да добијат неоправдани изостаноци, но ќе бидат жртви на штрајкот.